„Рафа е неверојатен, но ќе видиме што ќе се случи“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доминик Тим ќе се бори за трофејот на Мастерс турнирот во Мадрид.

Тим го очекува тежок натпревар, затоа што од другата страна ќе го има Надал кој го победи Ѓоковиќ со 6:2 и 6:4.

Тие двајца последен пат играа пред 2 недели во Барселона, кога Надал победи со 6:4 и 6:1 во финалето.

„Ако ги погледнете резултатите на земја, тие се неверојатни. Но ќе се обидам да го сопрам во тоа и да направам некои работи кои не сум ги направил до сега. Адреналинот ќе биде на високо ниво. Сепак, верувам дека ќе бидам подготвен и ќе дадам се од себе.“

Финалниот натпревар е на програмата од 18 часот. Победникот ќе има парична награда во износ од 1.043.680 евра, како и 1000 бодови за АТП листата.