„Морам да одам по стапките на Ботас“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Хамилтон ќе стартува од првата позиција на трката во Ф1 за ГН на Шпанија.

Хамилтон беше одличен во текот на викендот и стигна до 64-та пол позиција во кариерата.

„Горд сум што повторно успеавме да најдеме пат пред останатите тимови. Мојот последне круг не беше добар, но за среќа мојот прв обид беше доволно брз за победа. Моравме да се потрудиме за да бидеме пред Ферари.“

„Ќе биде тешка трка. Може да видите колку сме блиску јас и Фетел. Многу е важно да имаме добар старт. Работевме напорно и се надеваме дека ќе имаме одлични резултати. Ботас имаше одлични стартови, а јас ќе морам да тргнам по неговите стапки.“

Трката во Шпанија се вози од 14:00 часот.