„Погба мора подобро“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот и чуварот на мрежата на француската фудбалска репрезентација Уго Лорис рече денеска дека очекува Пол Погба да пружи многу повеќе во продолжението на ЕП, после разочарувачкиот настап на отворањето на шампионатот против Романија.

„Нема да кажам дали сум разочаран со него на теренот или не, но очигледно дека од него можеме да очекуваме подобри партии“, рече Лорис на конференцијата за новинарите во пресрет на вториот меч во Групата А каде што Франција играше против Албанија.

Франција во првото коло од шампионатот ја победи Романија со 2:1.

„Најважно е да победите во првиот натпревар. Не се сомневам дека играта ќе ја подобриме во клучните моменти од шампионатот“, рече Лорис.

Мечот од второто коло од Групата А меѓу Франција и Албанија се игра денеска од 21:00 на стадионот Веледром во Марсеј.