Иемељо со два погодоци го сруши Интер на Џузепе Меаца


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Сасуоло го победија Интер на Џузепе Меаца во натпревар од 36-то коло во Серија А, 1:2.

Перишиќ на почетокот на натпреварот пропушти шанса за погодок. Голманот на гостите потоа го одбрани ударот на Икарди. Аргентинскиот напаѓач на Интер ја погоди стативата. Во 37-ма минута Пјетро Иемељо ја затресе мрежата на Интер, 0:1.

Консиљи одлично реагираше по ударот на Икарди. После 50 минути игра гостите имаа 0:2. Пјетро Иемељо по втор пат го натера голманот на Интер да ја вади топката од мрежата.

Дваесет минути пред крајот на натпреварот Едер намали на 1:2. Перишиќ имаше шанса за израмнување, но шутираше непрецизно.