Силјановски го спаси Работнички од пораз од Вардар, Победа ја победи Брегалница и направи чекор напред во борбата за опстанок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се одиграа и преостанатите четири натпревари од 33-то коло во првата македонска фудбалска лига.

На Телеком Арена се играше големото дерби помеѓу Работнички и Вардар кое заврши со победа на црвено-црните, 1:2.

Џамбули Џигуари во првото полувреме донесе водство за Вардар. На почетокот на второто полувреме Нехар Садики го израмни резултатот, а шест минути подоцна Тигран Барсегјан го врати водството на Вардар. Горан Силјановски во 88-ма минута од натпреварот донесе бод за Работнички, 2:2.

 

Шкендија лесно ја победи Македонија Ѓорче Петров, 2:3.

Бесарт Абдурахими во 20-та минута погоди за водство на Шкендија. Во период од четири минути Арменд Алими и Марјан Радески зголемија на 0:3. Погодокот за 1:3 го постигна Кристијан Стојкоски во 78-ма минута. Две минути пред крајот на натпреварот Давор Здравковски од белата точка ги постави конечните 2:3.

 

Победа славеше во Штип против Брегалница, 1:2.

Благоја Гешоски од пенал постигна погодок за водство на прилепчани. Резервата Мирослав Станиќ зголеми на 0:2. Три минути подоцна Бојан Миовски само по влегувањето на терен ги постави конечните 1:2.

 

Ренова во Тетово минимално го победи Силекс, 1:0.

Стојанчо Велинов во деветата минута од натпреварот го постигна победничкиот погодок за Ренова.