Јунајтед на колена пред петлите – Тотенхем им се врати на победите (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на домашен терен во натпревар од 37-мо коло во Премиер Лигата, 2:1.

Виктор Ванјама во шестата минута постигна погодок со глава за водство на петлите. Мартијал пропушти шанса за погодок. Де Геа беше одличен на голот на Јунајтед. Ги одбрани ударите на Сон, Деле Али, Ериксен и Кејн.

На почетокот на второто полувреме Хери Кејн по втор ја затресе мрежата на Де Геа. Кејн имаше шанса за постигнување на втор погодок, но шутираше непрецизно. Лингард и Мартијал на другата страна пропуштија шанси за погодок.

Вејн Руни дваесетина минути пред крајот на натпреварот намали на 2:1.

Рашфорд пропушти шанса за израмнување, па на крајот Тотенхем се радуваше на новата победа, 2:1.