Тим немоќен против кралот на земјата – Рафаел Надал го освои и Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рафаел Надал во финалето на АТП турнирот во Мадрид го победи Доминик Тим во два сета, 0:2.

Австриецот во третиот гем го одзеде сервисот на Надал, 3:1. Надал во шестиот гем од првиот сет направи брејк и го израмни резултатот, 3:3. Потоа двата тенисери сервираа сигурно и победникот во првиот сет мораше да биде решен по тај-брејк. Шпанскиот тенисер го доби тај-брејкот и првиот сет, 6:7.

Надал во воведниот гем од вториот сет направи брејк и поведе со 0:1. Кралот на земјата не дозволи изненадување на свој сервис и го доби и вториот сет, 4:6.

Шпанскиот тенисер го освои Мадрид по пети пат.