Бостон беше подобар од Вашингтон и закажа дуел со Кливленд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Бостон беа подобри против Вашингтон со 115:105 и така се пласираа во финалето на Истокот каде ги очекува Кливленд.

Бостон подобро го отвори натпреварот, па во првата ¼-на имаа предност од 27:23, а на полувремето Вашингтон направи пресврт и стигна до предност од 55:53.

Во вториот дел многу подобра игра од страна на Бостон и на крајот сосема заслужена победа и пласман во финале.

Најдобар во тимот на Бостон беше Томас кој постигна 29 поени и 12 асистенции.