Саутемптон и Манчестер Јунајтед не беа расположени за погодоци


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Саутемптон и Манчестер Јунајтед ремизираа, 0:0.

Уште во петата минута од натпреварот беше досуден пенал за домашните, Ерик Бејли нпарави прекршок во казнениот простор. Голманот на црвените ѓаволи, Серхио Ромеро го одбрани ударот од белата точка на Маноло Габиадини. Форстер потоа фантастично реагираше по ударот на Бејли.

Џејмс Вард од слободен удар имаше шанса за погодок, но шутираше непрецизно.

Тадиќ во второто полувреме се закани од слободен удар, но Ромеро го одбрани неговиот удар. Ромеро го одбрани ударот на Ромеу, а топката се одби до Џек кој шутираше непрецизно. Смолинг се обиде на другата страна, но неговиот удар беше непрецизен.

Мартијал ја погоди стативата, а до крајот на натпреварот резултатот остана 0:0.