После Севиља, Селта доби покер од кралскиот клуб – Реал Мадрид е на чекор од титулата (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Селта Виго на Балаидос, 1:4.

Во десетата минута од натпреварот Кристијано Роналдо со топовски удар донесе водство за кралскиот клуб. Домашните имаа неколку шанси за погодок, но не ги претворија во погодок. Алварез го одбрани ударот на Бензема пред крајот на првото полувреме.

На почетокот на второто полувреме Кристијано Роналдо го постигна својот втор погодок на натпреварот. Во 62-ра минута Јаго Аспас заработи црвен картон.

Навас имаше фантастична интервенција при ударот на Вас. Гуидети шутираше, топката го погоди Рамос и заврши во голот, 1:2.

Не помина ниту една минута Карим Бензема го врати водството на кралскиот клуб oд два погодоци, 1:3. Роналдо пропушти огромна шанса за хет-трик на денешниот натпревар, а ударот на Иско го одбрани Алварез.

Две минути пред крајот на натпреварот Тони Крос ги постави конечните 1:4.