„Бевме подобри, разочаран сум“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Португалија Нани рече дека неговиот тим беше подобаар во вечерашниот меч против Исланд и дека е разочаран со ремито.

Фудбалерите на Португалија и Исланд одиграа вечерва нерешено во првото коло од групата Ф од ЕП во Франција.

„Разочаран сум , бевме подобар тим. Знаевме дека имаме солиден противник. Тие играат многу силно и знаевме дека во суштина се опасни од прекин на игра.  Ни остануваат уште два меча. Треба да извлечеме позитивно од овој натпревар бидејќи одиграме добар меч“, рече Нани после натпреварот.

Португалија поведе со голот на Нани во 31 минута, израмнување на Исланд донесе Баркир Бјарнасон во 50 минута.

Нани е прогласен за најдобар играч на натпреварот.

„Со драга воља би ја менувал за победа наградата најдобар играч на мечот“, рече Нани.

Фудбалерот на Португалија Рафаел Гереиро рече дека неговиот тим недостасуваше ритам.

„Сакавме победа за да обезбедиме пласман во продолжението на натпреварувањето, но тие беа многу добри дефинитивно.
На нас ни недостасуваше ефикасност, некогаш не бевме концетрирани во текот на нивните напади. Ни недостасуваше ритам, не знаевме да одиграме брзо, треба на тоа да работиме“, рече Гереиро.

„Сепак, го имавме мечот во свои раце, водевме со 1:0, но не бевме доволно силни да тргнеме за втор гол кој добро ќе ни дојдеше. Треба да одиме до крајни граници, но не бевме во состојба тоа да го направиме.  Но, треба да ја наведнеме главата, сега ќе дадеме се од себе за победа“, рече тој.

Во второто коло од Група Ф Португалија игра против Австрија, а Исланд против Унгарија.

“Треба да победиме во наредните два меча за да бидеме први во групата. Тоа е она што го сакаме“, рече Гереиро.

Најголемата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо, вечерва се израмни со Луис Фиго по бројот на настапи за националниот тим – 127.  Роналдо имаше неколку шанси на натпреварот, а последната во самиот финиш, од слободен удар.

„Роналдо е победник, тој секогаш сака да победува. Ако не даде гол, тој е  во служба на тимот“, рече Гереиро.