Рим – Иснер е првиот ½-финалист!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џон Иснер го победи Марин Чилиќ во ¼-финале на Мастерсот во Рим.

Очекувано Иснер и Чилиќ одиграа долг натпревар, а првиот сет го доби Американецот во тај-брејк.

Вториот сет го отвори Хрватот подобро, водеше со 3:0 и на крајот стигна до 6:2.

Третиот сет помина без брејкови, а потоа во тај-брејк Иснер доаѓа лесно до 2 мини тај-брејкови, па Чилиќ не успеа да се врати во игра.

Тој во ½-финале ќе игра против подобриот во дуелот помеѓу Зверев и Раониќ.