ФИФА воведе „око соколово“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската фудбалска федерација го избра денеска системот за преглед на снимка од фирмата “Hawk-Eye Innovations” како помош на судијата при преглед на спорните ситуации во три натпреварувања во оваа година.

ФИФА соопшти дека британската фирма ќе го покрие светското првенство за играчи до 20 години кое во сабота почнува во Јужна Кореја, Купот на конфедеранциите во Русија и клупското светско првенство во Соединетите Арапски Емирати.

ФИФА сака да дозволи преглед на снимка за „јасни грешки“ во четири ситуации: постигнати голови, досудени пенали, исклучување на играч и случај кога погрешен играч ќе биде казнет со картон.

Најмалку 11 технолошки фирми беа на прога во ФИФА во текот на минатата година а според одлуката која денеска е објавена делува дека ХОК е најсериозен кандидат да ја добие работата на светското првенство во 2018 година ако дојде до потпис на договор.

На СП во 2014 година ХОК од германскиот систем ГолКонтрол (GoalControl) го загуби натпреварувањето за технологијата гол линија која звучно се огласува кога топката ќе ја помине линијата со цел обем.

Прегледот на снимката мора да биде формално избран од комисијата која се занимава со фудбалски правила.

Користењето на видео-технологијата во случај на спорни ситуации веќе постои во кошарка, тенис, американски фудбал и други спортови.