Вршаљко договори трансфер, се враќа во Италија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец, Симе Вршаљко ова лето најверојатно ќе го напушти Атлетико Мадрид.

Вршаљко во Атлетико Мадрид стигна минатото лето, но одигра само 14 натпревари. Хрватскиот репрезентативец во Мадрид стигна од Џенова, но се шпекулира дека после една сезона ќе го напушти Висенте Калдерон.

Атлетико за овој 25-годишен десен бек плати 16 милиони евра. Шпанските медиуми пренесоа дека овој фудбалер ќе биде на трансфер листата на Атлетико, а интерес има од неколку клубови.

Вршаљко наводно е најблиску до враќање во Серија А, а за неговиот потпис се борат Милан, Интер и Наполи. Наводно. хрватот е во преговори со Наполи бидејќи таму сака да ја продолжи кариерата.