Академија Пандев со петарда за Новаци, Скопје лесно со Металург


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одиграa сите пет натпревари од 26-то коло во втората македонска фудбалска лига.

Академија Пандев го победи Новаци на гости, 2:5.

Драган Начевски и Сашко Пандев погодија во првото полувреме за пандевци. Љупчо Дориев зголеми на 0:3, а Христијан Николовски постигна погодок за 1:3. Благоја Наумоски намали на 2:3. Љупчо Дориев го постигна својот втор погодок на натпреварот за 2:4. Давид Атанаскоски пред крајот на натпреварот ги постави конечните 2:5.

Скопје на домашен терен го победи Металург, 4:0.

Виктор Велкоски погоди во првото полувреме за домашните. Ѓоко Алексовски зголеми на 2:0. Дарио Десниќ и Филип Колеќески во период од неколку минути ги поставија конечните 4:0.

Еурмилк и Велазерими ги поделија бодовите, 2:2..

После две минути игра Ајрадин Цуцули донесе водство за гостите. Шест минути подоцна Никола Ристески го израмни резултатот. Во 20-та минута Адриан Чаволи погоди за 2:1. Мирлинд Ибраими шест минути пред крајот на натпреварот ги постави конечните 2:2.

Хоризонт Турново минимално го победи Вардар Неготино, 1:0.

Даниел Радојчиќ го постигна победничкиот погодок за турновци.

Тетекс на домашен терен со 2:1 го совлада Тиквеш.

Христијан Трајкоски пред крајот на првото полувреме погоди за водство на Тиквеш. Тони Брњарчевски и Нинослав Здравковски во второто полувреме направија пресврт и донесоа победа за домашните, 2:1.