Голден Стејт на чекор од големо финале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Голден Стејт го победија Сан Антонио со 120:108 и дојдоа на чекор до пласман во големото финале во НБА лигата.

Иако ослабени со неиграњето на Леонард и Паркер, Сан Антонио влезе подобро во натпреварот и по 12 минути игра имаа предност од 32:20. Сепак, Голден Стејт потоа заиграа подобро и ја зголемија разликата на 64:55 на полувремето.

Сан Антонио го отвори продолжувањето на натпреварот и дојде на само 3 поени негатива 71:74, но до крајот на натпреварот Голден Стејт заигра подобро и стигна до победата.

Дурант постигна 33 поени, 10 скокови и 4 асистенции додека кај Сан Антонио најдобар беше Џинобили со 21 поен.

Голден Стејт сега водат со 3:0, а 4-от натпревар се игра во вторник во 3 часот.