Жалбата на Арсенал е одбиена, Кошчелни е суспендиран


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Стоперот на Арсенал Лорен Кошчелни нема да игра во финалето на ФА Куп поради црвен картон добиен во последното коло од Премиер лигата против Евертон.

Желбата на Арсенал е одбиена, па францускиот фудбалер ќе го пропушти дуелот со Челси кој се игра во сабота на Вембли.

Кошчелни крвнички стартуваше над Енер Валенсија и заработи директен црвен картон во натпреварот кој се играше во недела.

Арсенал се жалеше во ФА на одлуката на судијата Мајкл Оливер, но во вторникот во соопштение жалбата е одбиена.

Французинот е суспендиран за наредните три натпревари.