Горецка е на Баерн Минхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите млади фудбалери во светот ќе стигне во Минхен следното лето без оштета.

Во Шалке не успеаа да се договорат со Леон Горецка да го продолжи договорот. Познат е и новиот клуб на германскиот репрезентативец, Баерн Минхен.

Така несреќниот Шалке ќе остане без уште еден фудбалер после Колашинац, а за трансфер да не заработи пари бидејќи гигантот од Минхен ќе го доведе Горецка следното лето кога ќе му истече договорот со клубот од Гелзенкирхен.

Дури Хајдел се занесуваше дека ќе го убеди Горецка да потпише нов договор, Румениге и Хенес ја завршија работата. Билд соопшти дека Нојбауер, агентот на Горецка бил на Алијанц Арена и преговорите завршиле успешно.

Кога малку подобро ќе се размили, овој потег на германскиот шампион е логичен. Чаби Алонсо замина во пензија, а зошто да го доведуваат Верати за 50, 60 милиони кога пред носот им е германецот кој во иднина ќе биде еден од најдобрите фудбалери за врска.

Леон Горецка има 22 години, а во Шалке стигна од Бохум пред четири години за нешто повеќе од 3 милиони евра, моментално неговата цена е околу 20 милиони евра.

За ова момче заинтересиран беше и Јувентус.