Јувентус ќе биде посилен! Стигнуваат засилувања од Барселона, ПСЖ и Баерн!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После титулата шампион и трофеј во купот на Италија, Јувентус остана уште да се избори за титулата шампион на Европа, а во големото финале кое се игра во Кардиф за ривал ќе го има мадридски Реал.

Доколку ја освојат и Лигата на шампионите, ќе биде тоа прва триплета во историјата на Јувентус.

Иако имаат многу силен состав, тимот од Јувентус во наредната сезона сака уште повеќе да се засили, па листата на фудбалери кои можат да го облечат дресот на „Старата дама“ е навистина импресивна.

Наместо Нето како резервен голман во наредната сезона веројатно ќе биде младиот Алекс Мерет, кој од Џиџи Буфон треба да го преземе местото прв голман од 2018 година.

Покрај него, Јувентус сериозно е заинтересиран за доведување на легендата на Барселона Андрес Иниеста, кој ќе проба да го откупи во ова лето.

Ни тоа не е се. Како нов играч на Јувентус се споменуваат  и Анхел Ди Марија и Даглас Коста, кои најавија заминување од ПСЖ и Баерн.

Тие треба да ја засилат конкуренцијата на крилните позиции во тимот од Торино и сигурно ќе претставуваат големи засилувања.

Ќе проба Јувентус да ја засили и одбраната. Иако дефинитивно Старата дама е еден од најдобрите тимови во Европа, во ова лето  гранитната одбраната на италијанскиот шампион може да се засили и со бразилскиот стопер Фелипе од Порто.

Неговата цена е 30 милиони евра, па Јувентус во наредната сезона може да влезе уште посилен отколку што беше во претходната сезона.