„Можно е дека нема да ја завршам кариерата во Барселона“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанските медиуми утрово објавија дека Јувентус сака да го доведе Андрес Иниеста на кого во наредната сезона истекува договорот со Барселона.

Веста  дека Иниеста може да ја продолжи кариерата во дресот на Старата дама ги насмеа навивачите на Барселона кои веруваат дека капитенот на Блауграната ќе ја заврши својата кариера на Ноу Камп.

Меѓутоа, изјавата на играчот за врска на Барселона потврди дека тука нешто се случува.

Имено, Иниеста призна дека сеуште не одлучил дали ќе ја заврши својата кариера во Барселона, но сеуште размислува дали ќе го продолжи договорот со клубот од Ноу Камп.

„Сеуште постои можност дека нема да ја завршам кариерата во Барселона. Не зборувам ништо за преговорите за новиот договор бидејќи сеуште не донесов конечна одлука. Кога ќе анализирам се ќе донесам одлука за се“, рече Иниеста.