Братот на Гризман предизвика земјотрес на твитер?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неговиот твит може да се протолкува и како продолжување на приказната за трансферот на Антоан.

Антоан Гризман пред неколку дена запрашан да оцени колку се шансите да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед на скала од 1 до 10, на што тој одговир – „6“.

Веројатноста од тие 60 % од денеска можеби и малку е зголемена поради „невниманието“ на братот Тео на друштвените мрежи во текот на попладнево.

Тео Гризман во овој момент никој на планетата не може да го убеди во приказната дека е страствен навивач на Манчестер Јунајтед, кој вечерва игра финале на Лига Европа против Ајакс во Стокхолм (20:45) на неговиот последен твит повеќе асоцира дека нешто друго се случува.

Напиша “дека е време“ стави извичник, па допиша Манчестер Јунајтед и стави три срценца.

Поради ерупцијата која ја предизвика, го избриша твитот.