После победата играчите на Јунајтед ќе поделат 28 милиони фунти


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го совлада Ајакс во финалето на Лига Европа и на тој начин дојде до единствениот трофеј кој на овој клуб недостасува во витрините.

Сепак, трофејот не е единствено што играчите на Јунајтед ќе го добијат после оваа победа.

Играчите, меѓу себе, ќе поделат награда од 1 милион фунти, но тоа не е се.

Со големата победа осигураа и дополнителни 28 милиони фунти што ќе ги добијат во текот на наредната сезона.

Имено, после што во минатата сезона Јунајтед не успеа да се квалификува за ЛШ на сите играчи која плата ја поминува сумата од 20 000 фунти неделно, платата се намалува за 25 %.

А после вечерашниот успех на нив ќе им бидат вратени тие 25 % од платата, па така 22 играчи на Јунајтед за кои ова зголемување се однесува за наредната сезона, низ плата, ќе ги чини дополнителни 28 милиони фунти.

Ова зголемување не се однесува на летните засилувања, Погба, Михтаријан, Баи и Ибрахимовиќ со оглед дека тие не беа дел од екипата која не успеа да се квалификува во најелитното клупско натпреварување.