Дали Руни и Керик ќе успеат да комплетираат импресивна колекција на трофеи?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ја освои Лига Европа, сезоната од клубот од Олд Трафорд и официјално може да се смета за успешна.

Иако во Премиер лигата завршија на најлоша позиција во историјата на натпреварувањето, Манчестер Јунајтед успеа да ги оствари зацртаните цели.

Стигнаа до трофејот во Лига Европа, сезоната ја отворија со освојување на Комјунити Шилд, а сега во својот последен натпреварувачки меч во годината стигнаа и до трофеј во Лига Европа.

Тоа парче од сребро им недостигаше, а од синоќа и официјално ќе биде во нивните витрини.

Така Вејн Руни и Мајкл Керик успееја да освојат речиси се што можеше да се освои на клупско ниво.

Тие двајца до вчера со Манчестер Јунајтед успееја да ги освојат сите трофеи во Англија (Премиер лига, ФА Куп, Лига Куп, Комјунити Шилд), како и речиси сите трофеи на меѓународно ниво (Лига на шампионите, Лига Европа, Светско клупско првенство).

Им недостасува единствено Суперкуп на Европа , па се поставува прашањето дали Руни ќе успее да дојде и до тој трофеј, бидејќи се почесто се споменува дека може да го напушти клубот од Олд Трафорд во ова лето.

Доколику остане, ќе се бори во наредното лето со Јувентус или Реал Мадрид за тој трофеј во Скопје, бидејќи во јуни во Кардиф италијанскиот и шпанскиот шампион ќе делат мегдан во најелитното европско клупско натпреварување.

Извесно е дека до такво неверојатно достигнување може да стигне Мајкл Керик, кој го продолжи договорот со клубот на уште една година.