„Целта беше титула, горд сум“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот за врска на Манчестер Јунајтед Пол Погба после натпреварот изјави дека е горд што  неговата екипа ја освои Европската лига.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во финалето го поразија Ајакс со 2:0, а стрелци за Јунајтед беа Погба во 18 минута и Михтаријан во 48 минута, Манчестрер Јунајтед ја освои Европската лига три дена после што 22 лица загинаа, а десетина се повредени во бомбашки напад на поп концерт во Манчестер.

„Игравме за Англија, игравме за Манчестер, игравме за луѓето кои загинаа“, рече Погба и додаде:

„Целта беше титула. Горд сум, горд. Луѓето кои велат дека имавме лоша сезона, но задоволни сме со цената која што ја плативме. Почетокот на натпреварот беше многу важен, рано поведовме, а тогаш дадовме и втор гол и лесно го контролиравме натпреварот. Добро се браневме, сите се концетриравме и на тоа и  заслужено победивме“.