Скапи трансфери ЗБОГУМ – Правило кое ќе спречи заминување во Кина на Коста, Руни…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кина донесе правило кое ќе ги спречи тимовите да трошат големи пари на странски фудбалери.

Кинеските тимови трошат многу пари за да ги донесат најголемите светски ѕвезди. Сојузот донесе одлука според која по доаѓањето на странски играч во тимот, тие ќе мора да платат данок во износ на трансферот.

Таков потег значи дека кинеските тимови нема да може во иднина да трошат големи суми на трансфери.

Меѓу тимовите кои го поддржа ова правило е Гвангжу. Сопственикот на тимот најави дека во иднина ќе се ослободи од ѕвездите од Европа и дека ќе има играчи само од Кина.

„Според мое мислење, нашиот идеален тим треба да се состои од најдобрите кинески фудбалери кои би ги водел најдобриот тренер во светот. Целта е да го унапредиме нашиот фудбал и мора да останеме фокусирани на тоа.“

Новото правило ќе важи од првиот ден на преодниот рок, односно 19-ти јуни.