Проблеми за Уругвај – Се повреди ѕвездата на Барселона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез се повреди на тренинг на тимот.

Тој поради повреда ќе мора да паузира 15-на денови и тоа значи дека нема да игра во пријателските натпревари против Република Ирска и Италија.

Барселона за викенд го дочекува финалето против Алавес, но Суарез нема да можеше да игра ниту поради суспензија.

Тој во оваа сезона одигра 51 натпревар и постигна 37 голови.