Мората на прегледи во Милан!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Реал полета кон Италија со цел да го реализира трансферот во Милан.

Според сознанијата на Марка, Алваро Мората годишно ќе заработува 7.5 милиони евра на Сан Сиро.

Ја прифати таа понуда од Росонерите и од потпис го делат само лекарски прегледи, кои ќе ги изврши вечерва или утре наутро.

Сеуште не се знае колку Реал ќе заработи од трансферот, се проценува меѓу 60 и 70 милиони ефвра.

Мората има многу добра сезона позади себе, постигна 20 гола во сите натпреварувања, освои Примера, а ќе има шанса да ја круниса со трофеј од ЛШ во случај на победа против својот поранешен клуб Јувентус во финалето во Кардиф на 3 јуни на своето простување од Лос Бланкоси.

Од родниот град заминува бидејќи не му се допаѓа идејата и понатака да биде резерва на Бензема, стравува дека поради скромната минутажа може да изостане од Мундијалот во Русија, а не е ни занемарлив ни фактот што неговата девојка е италијанската манекенка Алисе Кампело, Милано е сепак град на модата.

Тоа се главните причини што Шпанецот се враќа на Апенините.

Domenica ❤️ @alvaromorata (? @borjamartinn )

A post shared by ALICE (@alicecampello) on