Одличниот фудбалер на Аталанта пред прегледи на Сан Сиро!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Како што пренесува Калчомеркато новата управа на Милан заврши одлична работа.

Изгледа дека дилема повеќе нема, Френк Кеси од наредната сезона ќе го носи дресот на Милан.

Талентираниот играч за врска на Аталанта со одличните парии во сезоната зад нас се препорача на бројни европски клубови.

Наводно во своите редови го сакаа и Манчестер Јунајтед и Челси, но Премиерлигашите тргнаа кон други варијатни.

Кеси ќе остане во Серија А, а трка до последен момент се водеше меѓу Милан и Рома.

На крајот Мирабели и Фасоне успееја да се договорат со младиот играч за врска и неговиот агент пред Волчицата, и Френк Кеси од наредната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес.

За неговите услуги екипата од Сан Сиро ќе искешира 25 милиони евра, плус три милиони на име одредени бонуси, додека играчот за врска од Брегот на Словановата коска на годишно ниво ќе заработува 2.5 милиони евра.

Се очекува лекарските прегледи да ги изврши во следната недела, кога целиот трансфер ќе биде и официјализиран.