Барселона минимална против Хуеска – Лазаров најефикасен, 6 интервенции на Борко


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Барселона на домашен паркет ја победија Хуеска во натпревар од последното 30-то коло во Асобал, 30:29.

После првите 30 минути игра каталонците имаа негатива од еден погодок, 15:16. Во вториот дел домашните ракометари успеаа да направат пресврт и да стигнат до победа, 30:29.

Кирил Лазаров и Раул Ентрериос со по 6 погодоци ја предводеа Барселона до победа. Борко Ристовски натпреварот го заврши со 6 интервенции. Кај гостите најмногу се истакна Енрике Тешеира со 7 погодоци.

Барселона ја запиша 30-та победа на исто толку натпревари во Асобал.