Ремзи донесе титула – Арсенал го победи Челси и освои ФА Купот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал на Вембли го победија Челси во финалето во ФА Купот, 2:1.

После четири минути игра топџиите имаа водство. Алексис Санчез го постигна погодокот за Арсенал. Велбек ја погоди стативата, а Ремзи шутираше непрецизно. Ударот на Коста го одбрани Оспина.

Мозес се обиде на почетокот на второто полувреме, но Оспина го запре и неговиот удар. Педро пропушти шанса за погодок во 59-та минута. Дваесетина минути пред крајот на натпреварот сините останаа со 10 фудбалери на теренот, Мозес доби црвен картон.

Во 77-ма минута Диего Коста го израмни резултатот. Две минути подоцна Арон Ремзи постигна погодок со глава за враќање на водството на топџиите.

Белерин пропушти шанса да ја осигура победата на Арсенал. Оспина фантастично го одбрани ударот на Коста, a Озил на другата страна ја погоди стативата.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот и Арсенал го освои ФА Купот.