ГН Монако – Раиконен стигна до пол позиција по 9 години!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Раиконен стигна до пол позицијата за трката за ГН на Монако.

Иако во текот на тренингот подолго време беше на второто место зад Фетел, сепак на квалификациите стигна до пол позицијата.

Тоа што е интересно е фактот дека на Кими ова му е прва пол позиција уште од 2008 година. Од тогаш помина дури 128 трки и не стигна до пол позицијата.

Секако, можеби најважен детал е податокот дека Хамилтон на крајот заврши дури на 14-то место и не успеа да стигне до третиот дел од квалификациите. Зад Раиконен заврши Фетел, а на 3-то и 4-то место беа Ботас и Ферстапен.

Трката се вози од 14:00 часот.