Се сликаше, уште еден стигна во Манчестер на прегледи?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Англија изгледа се сигурни дека овој авион лета кон Манчестер.

Бенјамим Менди објави слика од авион и не напомена која е негова дестинација, медиумите тврдат дека се упатил на прегледи во Манчестер.

Тој ќе се придружи на Бернардо Силва кој потпиша договор со Сити, а левиот бек ќе биде замена за Клиши и конкуренција на Коларов.

Се зборува за сума од околу 50 милиони евра, и дека Сити испратил приватен авион кој од Марсеј, Менди замина кон Англија.

Прегледите се закажани за денеска, а Гвардиола се надева дека ќе го земе и третиот бисер на Монако, тој највредниот Килијан Мбапе.