„Тоти е еден од најголемите некогаш“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот Франчесто Тоти синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на Рома.

После последниот поздрав Принцот на Рим со своите верни навивачи, целиот Олимпико плачеше, а честитки и поздрави за одличниот Тоти пристигнуваат од своите краеви на светот.

После емотивната разделба на Тоти од саканиот дрес после четврт век,  и одличниот стопер на Реал Мадрид Серхио Рамос имаше неколку зборови за Италијанецот.

„Мислам дека Тоти добро ќе се снајдеше во било кој голем клуб, затоа што е тој е роден стрелец и големи играчи секогаш најдуваат начин да се вклопат во екипата“, рече Рамос за Рома Тв, и додаде:

„Кога ќе има правила за листа на најдобри играчи на сите времиња, Тоти сигурно ќе биде на неа, навистина верувам дека ќе се сеќаваме како еден од најголемите“.