„Не се гледам во Вотфорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Милан кој вториот дел од сезоната ја помина на позајмица во Вотфорд М`Баје Нианг потврди дека не сака да остане во овој англиски клуб, и дека со задоволство ќе се врати во Милан.

Во Вотфорд имаа намера да го откупат договорот на Нианг од Милан, но се појавија шпекулации дека Французинот не сака да остане на Викариџ Роуд, а младиот напаѓач тоа сега и го потврди.

„Многу напредував во клубот кој ми ја подигна самодовербата и ми даде шанса да играм. Многу должам на Вотфорд кој ми даде шанса да запознам нова лига, нов менталитет и кој ми даде шанса редовно да играм“, изјави Нианг, па продолжи:

„Навистина уживав играјќи овде. Но, доколку во Вотфорд сакаат да ја активираат опцијата да го откупат мојот договор, јас морам да кажам дека не се гледам овде“.

„Се е од лична причина, мое мислење нема ништо со навивачите на кои сакам искрено да се заблагодарам, но работите во клубот не се одвиваа на начинот на кој јас тоа го сакав“.

„Навистина ме допре што директорите рекоа дека сакаат да ме купат, но јас си дадов време да размислам и покрај одличната шанса која ми ја пружија во Вотфорд, бидејќи својата иднина не ја гледам овде“, изјави Нианг, па додаде:

„Разбирам дека во клубот се разочарани бидејќи сметаа на мене. Ќе ги замолам да ме разберат бидејќи нема да се предомислам“.

Нианг најверојатно ќе се врати во Милан, а останува да се види дали тој ќе добие шанса во оваа екипа, или ќе замине на позајмица во нов клуб.