Колку чини неуспехот на Интер?

Inter's defender Marco Andreolli celebrates after scoring during the Italian Serie A soccer match between Lazio and Internazionale at the Olimpico stadium in Rome, Italy, Sunday, May 21, 2017. (Giuseppe Lami/ANSA via AP)

Процена е дека не само дека ќе загубат голема сума на пари поради отсуство од Европа, цените на нивните играчи паднаа драстично.

Мораат да продаваат?

Лошата сезона на Интер многу влијаеше на вредноста на играчите.

Да потсетиме, во минатото лето вложија голема количина на пари, но и завршија надвор од Европа, сега мораат да продаваат некои фудбакери со цел да останат во границата на финансискиот фер – плеј, но и да стекнат услови да вложат во нови засилувања.

Практично, со исклучок на недопирливиот Икарди, единствен фудбалер кој има пристојна цена на пазарот е Иван Перишиќ, но е тешко да се верува дека Интер може да добие 55 милиони евра за Хрватот колку што бараа од Манчестер Јунајтед со кој овој фудбалер веќе се договори.

На останатите падна цената, па клубот, кога ќе направи пресмета се во голема загуба, се проценува дека во црвено се околу 50 милиони евра во однос на тоа што вложија.

Да речеме, во минатото лето за Брозовиќ одбија 30 милиони евра од Јувентус, сега не можат да го продадат ни за 20.

Жоао Марио е платен 40, Интер мерка понуди бидејќи Португалецот повеќе не е сигурен,  но едноствавно нема заинтересирани клубови.

Блиску 40 е платен и Кондогбија на Монако, сега вреди пола помалку, Французинот разочара во претходните сезони, не е ни секна од тој фудбалер од пред две години.

Банега е доведен како слободен играч, Интер сака да го продаде, но некои атрактивни понуди нема, Аргентинецот го загуби местото во тимот, сака да замине, но има големи примиња што е проблем.

Се споменуваше уште Едер кој исто така е платен на Сампдорија околу 15 милиони, кога клаузулата од позајмицата е активирана, и тој сега е на излезните врати, но нема понуди.

Слична приказна и за Муриљо кој треба да настапи место Манолас, тој беше на мета на шпанските клубови, но одигра лоша сезона, како и Сантон кој може повторно во Англија, но освен понуди за позајмици, никој од заинтересираните не споменуваше пари.

Кога се ќе се собере, од вложените 100 милиони во последните две години, практично нема ништо, поточно, сега тие играчи вредат многу помалку а ова пресметка е без Габигол, кој ќе оди на позајмица во Шпанија…

Advertisements