Волфсбург не сака да потвори сезоната, веќе доведе засилување за 17 милиони евра

Волфсбург ќе направи се со цел да не ја повтори оваа сезона во која за малку не испадна во понизок ранг на натпреварување.

„Волците“ сите ги разочараа во текот на оваа сезона, беа често и во зоната за испаѓање, а на крајот успееја низ бараж да се извлечат и да слават опстанок.

Сега се подготвуваат за новата сезона, а доведено е веќе едно засилување.

„Билд“ наведува дека се е завршено кога се работи за момчето по име Џон Брукс, кој во оваа сезона играше за Херта.

Американецот кој игра на позиција дефанзивец има 24 години, во Херта е од 2012 година и во оваа сезона беше еден од подобрите во тој тим.

Платен е 17 милиони евра, наскоро треба да следи и претставување на ова момче.

Advertisements