Официјално: Венгер останува менаџер на Арсенал


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсен Венгер ќе остане менаџер на Арсенал и во наредните две сезони.

Како што и се најавуваше, Венгер потпиша нов договор со Арсенал и на клупата на Топџиите ќе остане уште две сезони.

Венгер седна со водечките луѓе на Арсенал и на крајот заедничи одлучија Французинот да остане на Емирати, но добар дел од сезоната навивачите го бркаа од клубот.

Арсенал заврши петти во Премиер лигата по прв пат во 20 години не избори Лига на шампионите, но неодамна за утеха го освои ФА Купот после што го победи Челси со 2:1 во финалето.

Со Арсенал Венгер од 1996 година оисвои три премиерлигашки титули, седум титули ФА Куп и шест титули Комјунити Шилд.