Хамилтион: Ферари за сега има најдобар болид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон се соочува со тешки почетоци оваа сезона за разлика од предходните три сезони кога имаше доминантен болид

Ферари предходниот викенд на улиците на Монте Карло славеше двојна победа додека Хамилтон заврши на седмото место со заостанување на 16 секунди од победникот Себастиан Фетел.
Хамилтон во моментов заостанува 25 бода зад водечкиот Фетел.

„Не дојдовме неспремни во Монако,работите едноставно не одеа како што треба. Болид се однесуваше многу поразлично одкако што сме навикнати,а тоа беше неочекувано за механичарите. Го поправија и тоа но ситуацијата стана многу полоша. Се вративме во тоа непознато сценарио каде еден болид функционира,а мојот не“ –Изјави Хамилтон

Британецот признава дека Ферари остварува добри резултати,споредувајќи го со својот предходен болид.

„Изгледа дека болидот на Ферари функционира на сите стази. Преостанатите 14 трки ке бидат многу тешки. Изгледа како тие сега да го имаат најдобриот болид,нешто какво што имавме ние предходната година,кога WO7 функционираше на сите стази“– Заклучи возачот на Мерцедес.

Хамилтон моментално се наоѓа на второто место во генералниот пласман со 104 освоени бодови.