Квалитетот е исполнет, пријавувањето е завршено!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Квалитетот го иницира квантитетот, добрата организацијат и реализацијат се основа за довербата

Македонија, Босна, Хрватска, Данска, Романија, Словенија, Црна Гора, Шведска, Шпанија се деветте земји од кои преку 300 деца ќе бидат дел од третиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7 “.

Квалитетот го иницира квантитетот, добрата организацијат и реализација се основа за довербата, која децата и нивните родители ја имаат во овој проект. Таа е наш мотив и водечка нишка. Од друга страна предизвик  е да се учи од капитенот и неговиот тренерски тим. Професионалната поставеност, начинот на кој го пренесуваат своето искуство, непосредниот контакт со секое дете за време на тренинзите но и надвор од нив, ги враќа децата секоја следна година, но раѓа и желба кај нови учесници.

Доаѓаат и деца кои прв пат се сретнуваат со ракометарската топка, помали и поголеми.  Децата се на возразст од 7 – 18 години,  поделени во две смени. Иако секогаш бројот на момчињата е поголем,  на овогодинешниот камп имаме пријавено девојчињата во најголема бројка до сега. Заради тоа нивните тренинзи ќе се одвиваат во две групи.

Освен задолжителните тренинзи претпладне и попладне и оваа година ќе имаме содржини кои се насочени кон едукација преку забава, прилагодени според годините на децата.

Остануваат уште 20 дена до почетокот, капацитетот е исполнет, пријавувањето завршено, се работи на последните подготовки.

Се гледаме во Охрид !