Лорис го премина легендарниот Бартез!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Французите на домашен терен го победија Парагвај со 5:0, а овој натпревар долго ќе го памети Лорис.

Лорис минатата вечер го одигра 88-от натпревар за Франција и го премина легендарниот Бартез по бројот на настапи за Франција.

Лорис дебитираше во 2008 година против Уругвај, а во наредните години стана и капитен на својата земја.

На прво место по број на настапи за Франција е Турам. Тој има одиграно 142 натпревари.