Лоши вести за Ибра и навивачите на Јунајтед


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ибра работи на враќање на терените по тешката повреда на коленото.

Ибра мораше да го пропушти финишот на сезоната на Јунајтед поради тешката повреда и лекарскиот тим му соопшти дека ќе паузира 8 месеци. Сепак тој ќе се врати побрзо од очекуваното, поточно во октомври.

Неговиот агент Раиола откри дека Ибра има многу понуди и додаде дека Ибра прво ќе му даде предност на Јунајтед, па потоа ќе преговара со другите.

Медиумите од Англија пренесуваат дека тешко ќе се случи Јунајтед да му понуди нов договор на Ибра за наредната сезона. Наводно, Мурињо не сака да ризикува затоа што не е сигурен дека ќе може да смета на него.