Голден Стејт не знае за пораз – Нов пораз на Кливленд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По убедливата победа на Голден Стејт во првиот натпревар во НБА финалето, тие повторно стигнаа до победа со 132:113.

Кливленд добро го започнаа натпреварот, но Кари и Дурант играа одлично и во првиот дел му донесоа предност на Голден Стејт од 40:34.

Како поминуваше времето така се зголемуваше разликата и на крајот таа достигна до 19 поени.

Најдобар во тимот на Голден Стејт беше Кари со 32 поени, 10 скокови и 11 асистенции додека Дурант постигна 33 поени.