Нолито „фатен“ со спортскиот директор на Севиља!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот играч Нолито ќе се врати во Ла Лига.

Нолито минатото лето од Селта премина во Манчестер Сити, но таму не се прослави.

Гвардиола не му даваше многу шанса за игра, па Нолито одигра само 19 натпревари и тоа голем дел во првиот дел од сезоната, а за тоа време постигна 4 голови и 2 асистенции.

Англиските медиуми пред 2 денови објавија информации дека тој ќе се врати во редовите на Севиља, а потврда за тоа стигна откако Нолито беше фотографиран со спортскиот директор на Севиља, Аријас.