Сторари доби нов договор во Милан!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марко Сторари доби нов договор со Милан на уште 1 година.

Иако во јануари тој ќе влезе во 5-та деценија од животот, управата на Милан процени дека Сторари и понатаму е доволно добар за да му помогне на тимот.

Според официјалниот сајт на тимот, Сторари со Милан потпиша нов договор според кој ќе остане уште 1 година, а неговата примарна улога ќе биде во развој на младите голмани Донарума и Плицари.

Сторари во Милан стигна од Каљари, а во својата кариера има брането во Јувентус, Фиорентина, Леванте, Наполи, Месина, Сампдорија…