Видео: 22 годишно момче го фрли Мамиќ во морето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот прв човек на Динамо Загреб, а сегашен советник во клубот, Здравко Мамиќ денес беше нападнат во Брач.

Напаѓачот на Мамиќ е 22 годишниот Домагој Ивелиќ кој на пристаништето во Брач брутално го удри Мамиќ при што тој падна во морето.

Мамиќ веднаш по инцидентот даде изјава во која вели дека не побарал лекарска помош иако не се чувствува добро.

„Не побарав лекарска помош иако не се чувствував баш добро. Се уште не ми е добро, меѓутоа верувам дека на крајот се ќе биде во ред. Ме боли главата, во еден момент изгубив свест, но за среќа луѓето ме спасија и ме извлекоа од морето.“- коментираше Мамиќ.

Ова е втор напад врз Мамиќ за кратко време. Најпознатиот фудбалски менаџер на овие простори беше нападнат и пред помалку од една година во Сплит кога беше гаѓан со бакли и димни бомби од страна на група хулигани.