Донато: Јувентус е атрактивна опција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марко Верати би можел ова лето да го напушти Париз.

Агентот на Верати, Донато ја предупреди управата на ПСЖ дека парите не се доволни и дека Јувентус е поатрактивна опција.

ПСЖ не сака да го продаде Верати ова лето, иако за неговите услуги интерес покажаа гиганти како Јувентус и Барселона, но Донати даде јасна изјава.

„Јувентус ќе стори нешто посебно во преодниот рок. Верати? ПСЖ сака да го задржи по секоја цена. Сега е јасно, парите не се доволни. Во последните години ПСЖ не направи ништо за да ја подобри својата атрактивност.“

„Јувентус е поатрактивна опција, затоа што шампионите привлекуваат победнички играчи.“