Родригез: Добро се сеќавам на Роналдињо, Малдини, Гатузо


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рикардо Родригез од вчера официјално е нов играч на Милан. Тој пристигна на Сан Сиро од Волфсбург за сума од 18 милиони евра.

„Ми се допаѓа црвено-црниот дрес, јас сум среќен што сум овде и што ќе играм за Милан. Следев многубројни играчи во овој клуб, а посебно добро се сеќавам на Роналдињо, Малдини и Гатузо. Еднаш играв на полн Сан Сиро и одвај чекам да го направам тоа пак. Среќен сум што ќе ѓи запознаам моите нови соиграчи и не се сомневам дека ќе се вклопам во тимот“– Изјави Родригез.

Родригез пристигна во Милан после 5 години поминати во Волфсбург.