Франк Де Бур ќе води тим од Премиер Лигата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што дознава „Скај Спортс“ челните лица на Кристал Палас започнале иницијални преговори со Франк Де Бур.

Прославениот холандски фудбалер и поранешен тренер на Ајакс и Интер во Кристал Палас треба да го наследи Сем Алрдајс кој си замина од клубот по крајот на сезоната.

Де Бур е без работа откако доби отказ од Интер, а на негова адреса стигнаа неколку понуди меѓу кои и онаа на Глазгов Ренџерс која Холанѓанецот експресно ја одби.

Покрај Де Бур на листата кандидати за предводници на Кристал Палас се споменуваат и неколку други имиња,  пред се Шон Дајч, Рој Хоџсон и Клаудио Раниери.