Фетел: „Бевме лоши и имавме проблеми“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ферари Себастиан Фетел смета дека неговата екипа беше лоша во трката за големата награда на Канада.

Тој заврши на четврто место и ја преќина својата серија на пласмани.

„Бевме лоши, освен тоа имав проблем за кој порано требаше да одам во боксот. Во финишот на трката пробав да се приближам до болидите напред, помислив дека можам да ги претекнам, но во тој момент имав најстари гуми“- Изјави Фетел.

Фетел исто така ги пофали Мерцедес кои на трката во Монтреал оствари двојна победа.

„Беа многу брзи и се направија како што треба. Ги контролираа и гумите и трката“- Изјави Фетел за Мерцедес.