Верстапен: Оваа сезона беше катастрофална


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул Макс Верстапен мораше да се откаже во трката во Монтреал токму во моментот кога беше на втората позиција.

„Одеднаш снема сила. Сакав да додадам гас и одеднаш се се исклучи, вклучувајќи го и мојот дисплеј, и неможев да комуницирам со мојот тим. Многу бев исфрустриран бидејќи бев на второ место. Стартот беше одличен, тоа дури беше мојот најдобар старт во Ред Бул, но на крајот останав со празни раце. Можев да завршам барем на второ или трето место да имав малце среќа“ – Изјави Макс Верстапен.

Холандскиот возач со 45 бода е на 6 позиција на генералната листа.